Андоновски вторпат во еден месец е МВП на колото во Италија!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски вторпат во еден месец е избран за МВП на колото во италијанскиот шампионат.

Андоновски имаше одлична партија за неговиот Трст на мечот против Капри oд 17 рунда, на кој се славеше победа со пет гола, 32-27.

Тој успеа да постигна девет погодоци во мрежата на гостинската екипа и подели уште неколку асистенции кон своите колеги.

Андоновски потекнува од Охрид, а пред да го започне првото интернационално искуство во Италија, ги носеше дресовите на Вардар Јуниор и Прилеп.

Следен предизвик за Андоновски и Трст ќе биде незгодното гостување кај екипата на Албатро.