Селекторот на женската репрезентација на Шведска, Томас Акснер, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за Олимписките игри во Париз.
Акснер има спој на младост и искуство во репрезентацијата, бидејќи тука се Јамина Робертс, Натали Хагман, Лин Блом, Јоана Бундсен…
На списокот од 14 ракометарки е и неговата ќерка, Тира Акснер, која во минатата сезона играше во одлична форма.
Меѓу трите резерви за настап на Олимписките игри се најдоа Џесика Риде, Лин Халсон и Оливија Лофквист.
Шведска ќе биде во групата А заедно со селекциите на Данска, Норвешка, Германија, Словенија и Кореја.