Иваноски ефикасен, Горење Велење попушти пред налетот на Тримо!

Тимот на Горење Велење, каде што игра македонскиот десен бек Михаил Иваноски, загуби во дербито на 8 коло во словенечкиот шампионат.

Горење беше поразен на домашен терен од Тримо Требње со 33-25, иако во првиот дел имаше контрола на резултатот и водеше во повеќе наврати.

Иваноски беше најдобар стрелец во домашниот тим и успеа да постигне шест гола во противничката мрежа, но тоа не беше доволно за позитивен резултат.

Горење Велење и Иваноски сега се на седмата позиција со осум бода, а во следното коло ги чека тешко гостување кај вицепрвакот Слован Љубљана.