ПОЛУВРЕМЕ: Висла имаше плус осум, Вардар намали на минус три пред паузата

Полскиот тим го контролираше поголемиот дел од првото полувреме, но „црвено-црните“ со силна завршница ја намалија негативата на три гола.

Вардар губи со 16-13 на гостувањето кај Висла Плоцк по првото полувреме од натпреварот во Лигата на шампионите. Домаќините во еден момент имаа осум гола предност, но македонскиот тим успеа да се врати во игра пред паузата.

Висла го постигна првиот гол, а Вардар по почетните израмнувања поведе со 3-2. Следуваше период во кој резултатот остана тесен. Во 11. минута беше 5-5, но токму тогаш полскиот тим ја направи првата голема серија – пет гола во низа за водство од 10-5.

Вардар ја прекина серијата, но не успеа веднаш да го запре налетот на домаќините. Висла стигна до 14-6 во 21. минута, што беше нејзината највисока предност во првото полувреме. „Црвено-црните“ намалија на 14-8, а по водството на домаќините од 15-8 ја одиграа својата најдобра резултатска делница.

Вардар постигна три гола во низа за 15-11. Висла возврати со гол за 16-11, но последните два погодоци во полувремето беа на гостите. Така, од негатива од седум гола во 25. минута, Вардар на пауза замина со достижни 16-13.

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾