По поразот кај Охрид, „сино-белите“ од Автокоманда им се вратија на победите во Супер машката лига.
На домашен терен момците на Кирил Лазаров ја победи Струга со 33-21 откако и на паузата имаа плус осум, 16-8. Голманот на домашните, Иван Галевски беше меѓу најистакнатите поединци и успеа да запре дури 15 удари на стружани.
По 3-3 на стартот, домашните предводени од Галевски, направија серија од шест гола за 9-3 и го решија прашањето околу победникот.
Второто полувреме беше само формално одработување на задачата и успешно одработен последниот тест за тимот од Автокоманда пред европските обврски.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Костески со шест, како и Тордарсон и Митев со по пет гола, додека кај тимот на Струга се истакнаа Шилегов со пет и Манасков со четири погодоци.
























