Скандинавци ќе му судат на Еурофарм Пелистер во Германија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува важен натпревар од Лигата на Европа и гостување во Германија.

ЕХФ ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло, во кое битолчани ќе се соочат со бундеслигашот Гумерсбах.

Овој натпревар им е доделен на данските арбитри Јакоб Јегер Пах и Карл Јохан Тигесен, додека делегат е Словенецот Томо Водопивец.

Натпреварот меѓу Гумерсбах и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „Швалбе Арена“ со почеток од 18:45 часот во текот на утрешниот ден.