Стефаноска фаќа залет во Естерхази

Македонската репрезентативка Сара Стефаноска полека добива се поголема минутажа во дресот на унгарскиот Естерхази.

Новиот унгарски суперлигаш загуби дома од Кишварда со 31-22, откако гостите имаа предност и на паузата со 14-11.

Средниот бек Стефаноска беше меѓу втор стрелец во домашниот тим и за триесетина минути игра успеа да постигне четири погодоци.

Стефаноска и Естерхази шансата за победа ќе ја побараат на гостувањето кај Мошонмаѓаровар во следното коло.