Се роди „Балкански Куп“ – РФМ обезбеди репрезентативни натпревари за најмладите генерации!

|
12:21
Share on Facebook

Македонските пионерски репрезентации ќе бидат дел од новиот Балкански куп или како што се нарекува со официјалното име „Регионален Челинџ Куп У16/У17“. Станува збор за развојно натпреварување кое има за цел да им обезбеди на младите ракометари и ракометарки поголем број меѓународни натпревари и континуитет во репрезентативните активности пред да почнат да ги играат официјалните натпревари од квалификациите за ЕП.

Во овој проект учествуваат 12 ракометни федерации. Покрај Македонија, тука се уште  Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Турција, а натпреварувањето се реализира под капата на ЕХФ.

Целта на новиот куп е да се пополни празнината во развојот на младите категории меѓу првите репрезентативни настапи и официјалните квалификации за големите европски натпреварувања.

За македонските селекции до 16 години кај дамите, односно 17 кај момците, ова ќе биде одлична можност за стекнување меѓународно искуство, континуирани натпревари и силна конкуренција уште во пионерската категорија.

Сите селекции се поделени во четири групи по три, а поделбата е направена според квалитетот, односно географската положба. Секоја од репрезентациите ќе биде домаќин на по еден турнир во текот на сезоната, а на крајот ќе се играат и три Ф4 турнири со победниците на сите четири групи, односно со второ и третопласираните.

Кај момците, Македонија е во група со Косово и Црна Гора, додека кај девојчињата, нашата селекција ќе се соочи со Грција и Турција. Сите селекции ќе одиграат најмалку по шест меча вкупно во трите ЕХФ недели, плус до настапите на Ф4, тоа се уште плус два.

Ќе се одиграт Ф4 А (со победниците од сите групи), Ф4 Б (со второпласираните од сите групи) и Ф4 Ц (со третопласираните од сите групи), па ќе биде одреден пласманот од 1 до 12 место во двете категории.

📅 Распоред на турнири, пионери:

🔴 6–8 ноември 2026 (Косово)
🔴 8–10 јануари 2026 (Македонија)
🔴 12–14 март 2027 (Црна Гора)
🔴 6–8 мај 2027 Ф4 А, Ф4 Б, Ф4 Ц

📅 Распоред на турнири, пионерки:

🔴 23–25 октомври 2026 (Грција)
🔴 27–29 ноември 2026 (Македонија)
🔴 4–6 декември 2026 (Турција)
🔴 8–10 април 2027 Ф4 А, Ф4 Б, Ф4 Ц

Новото натпреварување треба да биде важна алка во развојот на младите македонски ракометари и ракометарки, овозможувајќи им уште од најрана возраст да играат против квалитетни селекции од регионот и да донесе повеќе натпревари, повеќе искуство и подобра подготовка за идните македонски репрезентативци и репрезентативки.

Share on Facebook

Висла ќе игра со јуниори на првенствен меч за да бидат одморени за Вардар!

Авор: Редакција
| 9 октомври 2026
19:36
Share on Facebook

Победата над Вардар во Скопје со 32-26 донесе два важни бода за Висла Плоцк во Лигата на шампионите, но полскиот клуб веднаш по натпреварот се соочи со друг проблем – календарот. Висла во четврток вечер играше во „Јане Сандански“, а веќе во недела треба да гостува кај Хробри Глогов во домашното првенство.

Целиот тим во петокот е на пат од Скопје кон Полска. За сабота наутро во Плоцк се планирани медицински тестирања на играчите, биолошка регенерација и тренинг, а само еден ден подоцна, во недела од 15 часот, на програмата е гостувањето кај Хробри. Терминот на натпреварот е потврден и во официјалниот календар на Висла и во системот на полските натпреварувања.

Од Висла јавно потврдија дека нема можност да се промени терминот на натпреварот со Хробри, па сега стручниот штаб и раководството треба да донесат одлука со каков состав ќе отпатуваат на гостувањето.

Во игра се две опции:
Првата е Висла да настапи со првиот тим и покрај заморот од европското гостување и патувањето од Скопје.
Втората, многу поинтересна, е во Глогов да биде испратен јуниорскиот состав на Висла, додека најдобрите ракометари ќе останат во Плоцк и ќе се подготвуваат за новиот европски предизвик.

Одлуката клубот најави дека ќе ја соопшти во сабота.

За Висла ситуацијата дополнително ја усложнува фактот што следниот европски натпревар повторно е против Вардар. Полјаците во недела треба да играат со Хробри, а само три дена подоцна – во среда, 14 октомври, во Плоцк ќе го пречекаат Вардар во четвртото коло од Лигата на шампионите. Актуелниот распоред на ЕХФ го води натпреварот за 20,45 часот.

Тоа практично значи дека Висла во период од само шест дена има три натпревари – гостување кај Вардар во Скопје, гостување кај Хробри во Глогов и повторно дуел со Вардар, овојпат во Плоцк. Покрај натпреварите, тука е и патувањето од Македонија назад во Полска, што дополнително го намалува времето за регенерација.

 

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

Share on Facebook

Комплетирано второто коло во ЛЕ и ЕХФ Куп, Чаир остана единствен македонски претставник во Европа

Авор: Душко Андов
| 12 октомври 2026
10:45
Share on Facebook

По елиминацијата на Вардар пред десетина дена, минатиот викенд се одиграа и преостанатите натпревари од второто коло во ЕХФ Купот, по кое 22 екипи се пласираа во третата рунда, каде што својот ривал ќе го чека составот на Чаир.

Таму се пласираше и словачката екипа Дунајска Стреда на Ангела Јанкуловска. Дунајска Стреда славеше над италијанскиот Салерно со 33-25, а македонската репрезентативка беше стрелец на четири гола.

Интересно е што четири екипи од Косово – Шќипоња, Самадреџа, Истогу и Феризај, сите осум натпревари ги одиграа на домашен терен, но запишаа само порази и се елиминирани.

ЕХФ Европски Куп, 2 коло, резултати:

Мавроматис – Гарлијава 20-40, 11-42
Бор – Криваја 38-26, 39-27
Самадреџа – Неистин 23-28, 24-25
Бриксен – Вардар 32-29, 36-25
Дуделанж – Х71 38-41, 24-40
Диферданж – Левалеа 19-30, 24-26
Хаџиќи – Истогу 30-25, 28-19
Одунпазари – Цуг 23-28, 29-31
Артас – Виљнус 43-36, 31-28
Холон – Бјала 34-32, 29-31/32-35 пен.
Слован Дусло Шала – Квинтус 35-26, 29-26
Сент Труден – Атинаикос 25-24, 27-22

Салерно – Дунајска Стреда 25-25, 25-32
Рума – Горење 32-27, 33-29
Квиек – Крајина 39-28, 33-23
Бнеи Херцлија – Шќипоња 40-24, 29-27
Јуро Унирек – Винтертур 34-30, 30-31
ВИФ – Феризај 34-23, 28-17
Алмеида – Енозис 37-15, 31-16
АПОЕЛ – Кур 18-40, 13-39
Галичанка Лвов – Жалгирис Каунас 33-26, 31-28
Макаби Рамат Ган – Сао Педро Сул 28-22, 24-22

Во Лигата на Европа покрај Ѓорче Петров, елиминирани се и турската Бурса на Моника Килдан Јанеска и Пјотрковија на Марија Гугуљанова, но и Црвена Звезда на Елена Ѓорѓиевска и Јована Мицевска Митев.

Лига на Европа, 2 квалификациско коло, резултати:

Боден – Гуардес 30-28, 31-26
Виборг – АЕК Атина 42-24, 30-17

Валчеа – Мецинген 39-24, 29-28
Бенфика – Зрињски Чаковец 31-16, 41-21
Хипо – Савехоф 27-31, 24-38
Молде – ПАОК 27-24, 29-21
Наиса Ниш – Бурса 29-28, 32-28
Сен Аман – Вац 32-30, 27-26
Бјеловар – Шамбре Турен 25-37
Ница – Ларвик 28-27, 32-34
Цирих – Олденбург 22-31, 23-23
Корона Брашов – Црвена Звезда 32-25, 26-28
Скара – Тертнес 25-29, 28-33
Лублин – Пјотрковија 36-24, 32-27
Ѓорче Петров – Мост 22-18, 17-27
Гран Канарија – Брул 33-25, 25-31

Во Лигата на шампионите, прв триумф забележа Будуќност, додека Крим ја продолжи негативна серија, а дербито меѓу Ѓер и Мец заврши нерешено, иако европскиот првак можеше да слави среде Унгарија.

Лига на шампиони, 5 коло, резултати:

група А
Брест Бретањ – Ференцварош 28-33
Будуќност – Сола 23-22
Борусија Дортмунд – Крим 37-31
ЧСМ Букурешт – Есбјерг 34-31

група Б
Ѓер – Мец 34-34
Бломберг – Оденсе 18-35
Сторхамар – Подравка 33-25
Никобинг – Глорија Бистрица 17-28

Share on Facebook

Еурофарм Пелистер сигурен против Куманово

Авор: Редакција
| 9 октомври 2026
19:19
Share on Facebook

Еурофарм Пелистер го совлада Куманово со 36-23 (18-11) во Битола, во првиот натпревар од шестото коло на ракометната Суперлига. Со победата, битолчани стигнаа до 11 бода и привремено го презедоа првото место на табелата.

Гостите се држеа до 4-4 во седмата минута, но Еурофарм Пелистер потоа почна да ја гради предноста. Филип Кузмановски и Рудолф Хакбарт беа во прв план при водството од 9-5, а во 18. минута домаќините веќе имаа шест гола разлика, 12-6. На паузата заминаа со 18-11.

Битолчани не го намалија темпото ни по одморот. Во 38. минута Петар Атанасијевиќ погоди за прва двоцифрена предност, 22-12. Куманово не успеа да ја доведе победата во прашање, а Пелистер во 55. минута стигна и до највисоките плус 14, 34-20. Мечот заврши со 36-23.

Филип Кузмановски беше најефикасен кај победникот со седум гола. Атанасијевиќ постигна шест, Хакбарт пет, а Цветан Кузманоски и Малик Татар по четири. За Куманово, Наум Костов постигна осум гола, додека Бојан Гичев и Омар Солиман Радван додадоа по пет.

По овој меч Пелистер има 11 бода од шест натпревари. Вардар и тимот од Автокоманда имаат по 10 бода од пет средби и допрва треба да ги одиграат натпреварите од шестото коло. Куманово останува на еден бод од шест меча.

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

Share on Facebook

Металари и Николовски на сканди-двобој во Лигата на шампионите!

Авор: Душко Андов
| 9 октомври 2026
18:15
Share on Facebook

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 4 коло во Лигата на шампионите.

Судискиот тандем од Македонија, Исмаил Металари и Ненад Николовски, добија нова предизвик во елитното натпреваување.

Металари и Николовски ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу данскиот ГОГ Гудме и шведскиот Кристијанштад.

Скандинавскиот двобој во Лигата на шампионите е закажан за 15 октомври во „Свендборг Арена“ од 18:45 часот.

Share on Facebook

Лиапис: Горд сум на оваа екипа

Авор: Редакција
| 10 октомври 2026
22:32
Share on Facebook

Охрид се врати на победничките патеки по поразот од Вардар и во дербито пред својата публика го совлада тимот од Автокоманда со 26-24.

Никола Лиапис по натпреварот истакна дека охриѓани биле максимално подготвени за важниот дуел и дека сите ракометари го дале својот максимум за значајниот триумф.

„Знаевме дека овој натпревар е многу важен за нас по поразот од Вардар. Се подготвивме ментално и тактички за овој дуел и на крајот успеавме да победиме. Сите дадовме 100 проценти и многу сум горд на мојата екипа. Оваа победа ни дава дополнителна мотивација за продолжението од сезоната и се надевам дека ќе играме на вакво ниво во текот на целата сезона“, изјави Лиапис.

Славиќ бранеше – Охрид славеше во дербито

Славиќ: Оваа победа навистина ја заслуживме

 

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

Share on Facebook