Алжир подобар од Македонија на Медитеранските игри

|
16:33
Share on Facebook

Женската репрезентација на Македонија го запиша третиот пораз во третиот натпревар на Медитеранските игри во Таранто.

Алжир беше подобар од комбинираната селекција кадетки и младинки на Македонија и славеше со 37-23.

По стартните 5-5, ривалот се одлепи на плус пет, 10-5 и тогаш беше решен победникот. На паузата Алжир водеше со 20-11, а вториот дел беше само одработен рутински.

Најдобри стрелци кај Македонија беа Миленкоска со шест и Павичевиќ со четири гола, а голманките Миноска и Гошевска комбинираа десет одбрани.

За Македонија остануваат уште пресметките со домаќинот Италија и Косово на 28 и 30 август, како и мечот за пласман на 2 септември.

Share on Facebook

Стојановиќ и Ајдовшчина го освоија домашниот турнир како загревање за словенечката елита

Авор: Душко Андов
| 25 август 2026
10:21
Share on Facebook

Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е македонскиот стратег Раде Стојановиќ имаше одлична подготовка за камбекот во словенечката елита.

Ајдовшчина беше домаќин на хрватскиот Карловац, италијанскиот Метели и словенечкиот Кршко, а во полуфиналето славеше против Метели со 26-20.

Во второто полуфинале, Карловац беше подобар од Кршко, а во финалниот натпревар Ајдовшчина немаше проблеми против Кршко и победи со 33-24.

Претходно Ајдвошчина играше уште две пријателски средби – го победи австрискиот Ферлах со 23-22, а загуби од Шкофја Лока со 30-28.

Ајдовшчина ќе одигра уште еден пријателски двобој пред стартот на словенечкиот шампионат, против Шмартно, а првиот официјален натпревар е на 2 септември против силниот Слован Љубљана предводен од Урош Зорман.

Share on Facebook

Ѓорче Петров дебитира во Регионалната лига – прва станица е Ниш

Авор: Душко Андов
| 26 август 2026
12:59
Share on Facebook

Откако на почетокот на август стартуваа натпреварите од групата А кај дамите во Регионалната лига, денеска ќе стартуваат и средбите од групата Б, каде што се македонските екипи Ѓорче Петров и Чаир.

Шампионот Ѓорче Петров првиот предизвик ќе го има на гостински терен кај српскиот тим Наиса Ниш – средба од тратата рунда, која што ќе се игра порано, односно денеска во салата „Чаир“ во Ниш.

„Лавиците“ донесоа многу нови ракометарки, а колку тие се вклопуваат во системот на новиот стратег Славиша Димитријески, ќе покаже денешниот меч.

Наиса Ниш е вицепрвак на Србија и ќе биде добар тест за ѓорчепетровки пред стартот на новата сезона во Супер лигата и во Лигата на Европа.

Вториот претставник од Македонија, Чаир, својот прв натпревар би требало да го има на 5 септември на гостување кај српскиот Бор.

Share on Facebook

Тиквеш се раздели со Французинот Абдула – доаѓаат двајца странци

Авор: Душко Андов
| 26 август 2026
14:04
Share on Facebook

Тимот на Тиквеш реши да се раздели со францускиот десен бек Шамал Абдула, по само неколку недели откако се приклучи на подготовките.

Неговите партии на пријателските натпревари очигледно не го задоволија раководството на кавадарчани, па веднаш ќе се побара друга опција.

Според информациите на 24Ракомет, во Кавадарци наскоро треба да пристигне нов десен бек – и тоа странец, а активно се работи и на засилување на пикерската позиција, исто така надвор од Македонија.

Претходно кавадарчани ги засилија своите редови со голманот Бојан Солев, потоа кружниот напаѓач Борјан Цековски, како и бековите Томислав Димковски, Тоше Ончев и Мохамед Бен Махфуд.

Тиквеш ќе биде активен на домашна, но и на меѓународна сцена каде во ЕХФ Европскиот Куп ќе се соочи со Еш од Луксембург.

Минатиот викенд кавадарчани играа во финалето на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ и го освоија второто место по поразот од домаќинот Прилеп.

 

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
 

Share on Facebook

Искусен чувар на мрежата ќе го брани голот на Овче Поле

Авор: Душко Андов
| 26 август 2026
17:38
Share on Facebook

Прволигашот Овче Поле продолжува со засилувањето на ростерот пред новата сезона, во која тимот од Свети Николе ќе атакува на подобар пласман.

Нов член на Овче Поле е голманот Никола Кизиќ, кој зад себе има богато домашно искуство. Во кариерата настапуваше за Вардар Јуниор, Струга, Пролет, Драчево Јуниор, Аеродром и Јехона, а има и интернационално искуство од настапите во Косово.

Кизиќ треба да донесе дополнителен квалитет и сигурност на голманската позиција и да биде важна алка во составот на Овче Поле.

Клубот од Свети Николе претходно потврди и уште едно значајно име. Филип Петровски, еден од најдобрите стрелци во Првата лига во изминатите сезони, во новата сезона ќе го носи дресот на Овче Поле, а договорот го продолжи и капитенот Кристијан Стаменков.

Со ангажманот на Кизиќ и Петровски, Овче Поле продолжува да создава состав со кој ќе се обиде да направи чекор напред во новата сезона.

Share on Facebook

Премногу советници, една кариера – Јокиќ со порака до младите играчи

Авор: Редакција
| 25 август 2026
19:55
Share on Facebook

Кариерата на еден ракометар често не ја креира само она што се случува на теренот. Зад изборот на нов клуб стојат многу разговори, совети, дилеми, а неретко големо влијание имаат родителите, сопругите или партнерките на играчите.

Искусниот ракометен менаџер Милан Јокиќ во разговорот за 24Ракомет признава дека на почетокот од својата кариера многу почесто морал да разговара и со семејствата на играчите.

Со текот на годините неговиот став станал многу појасен – професионален ракометар мора самиот да носи одлуки.

„На почетокот од мојата работа бев принуден да комуницирам и со родителите, да ги слушам нивните барања и слично. Но, како што минува времето, сè повеќе сум уверен дека играчот кој има директна комуникација со мене и на кој не му треба помош од родителите или сопругата, најчесто е подобар и на теренот од оној кој постојано ги слуша советите на роднините или партнерот“, вели Јокиќ.

Според него, играч од 22, 23 или 25 години веќе мора да биде подготвен самиот да застане зад изборот што го прави.

„Им го кажувам тоа и директно. Мислам дека е подобро за нив, кога веќе имаат 22, 23 или 25 години, самите да ги носат одлуките. Тоа е голема одговорност и не е добро ниту за родителите, ниту за сопругите да се мешаат во професијата.“

Јокиќ не тврди дека семејството не треба да биде дел од разговорите. Напротив, местото на живеење, условите за семејството, училиштето за децата и квалитетот на животот често имаат голема улога при изборот на нова средина.

Но, последниот збор мора да го има играчот.

Во долгата менаџерска кариера имал различни ситуации – од родители кои инсистирале на одредени услови, до сопруги кои имале силно влијание врз конечната одлука.

Една од таквите приказни е и трансферот на Лука Циндриќ од Келце во Барселона. Тогаш токму сопругата на хрватскиот ракометар одиграла важна улога во преговорите со полскиот клуб.

Јокиќ, сепак, смета дека тоа треба да биде исклучок, а не правило.

Целиот разговор со Милан Јокиќ можете да го прочитате на следниот линк:

Јокиќ отворeно за сè: Плати, трансфери, сопруги и кој ќе биде шампион на Македонија

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
 

Share on Facebook