Македонската репрезентативка Јована Мицевска имаше викенд за паметење – направи свадба и сподели убави моменти со најдрагите луѓе.
Мицевска и нејзиниот сопруг Петар Митев од минатата година се во граѓански брак, а неодамна го добија синчето Тадеј.
Пред стартот на новата сезона, Јована и Петар ја направија свадбената веселба, на која беа присутни многу колешки на Мицевска.
Таа ја пропушти минатата сезона, а последно беше дел од романскиот тим Слатина. Претходно настапуваше за Вардар и француската Ница.
Од ова лето ќе има нов клупски предизвик и ќе го брани голот на српскиот шампион Црвена Звезда, со која ќе игра на домашна сцена, но и во регионалната лига и во Лигата на Европа.



























