Силен турнир во Добој – доаѓаат Спортинг, Мелсунген, Слован…

Заедно со Струшкиот турнир, еден од најдолговечните ракометни турнири е оној во Добој, Босна и Херцеговина.

Оваа година, од 12 до 15 август ќе се одржи 57. издание на традиционалниот турнир, кој привлече силни екипи од Европа, Африка и Азија.

Покрај домаќинот Слога Добој, на турнирот доаѓаат и египетскиот Ал Ахли, бундеслигашот Мелсунген, како и португалскиот Спортинг Лисабон, репрезентацијата на Катар и словенечкиот вицепрвак Слован Љубљана.

Минатата година екипата на Веспрем го освои трофејот во Добој, но оваа година нема да настапи и да има можност да го брани.