Душебаев се враќа на клупа? Германски гиганти веќе тргнаа по легендарниот тренер!

Само неколку недели по изненадувачкото заминување од полскиот Келце, легендарниот Талант Душебаев веќе е во центарот на големи шпекулации за својата иднина.

Поранешниот најдобар ракометар во светот моментално е фокусиран само на функцијата селектор на Франција, но јасно порача дека не планира долго да биде далеку од клупскиот ракомет.

Душебаев откри дека веќе бил контактиран од клубови од Бундес лигата. Иако неговата сопруга сакала да направи едногодишна пауза од клупскиот ракомет, 57-годишниот стратег признава дека тешко може долго да издржи без секојдневниот натпреварувачки ритам и борбата за трофеи.

Германските медиуми веќе шпекулираат дека две од најреалните опции се Кил и Мелсунген, каде што актуелните тренери Филип Јиха и Роберто Гарсија Парондо се под сериозен притисок по неубедливата сезона.

Дополнителен мотив за преселба во Германија е и фактот што неговите синови Алекс и Даниел Душебаеви следната сезона ќе настапуваат токму во Бундес лигата – Гумерсбах и Мелсунген.