Искусниот чувар на мрежата Александар Стојаноски, по три сезони одново ќе стане интернационалец и на лето ќе се пресели во Германија.
По три сезони на голот на Бутел Скопје, Стојаноски, ќе заигра за германската Аполда, која е предводена од Игор Тоскоски, а таму веќе играат Христијан Милошески, Дејан Гошевски и Пеце Ѓорѓиески.
Аполда оваа сезона го освои првото место во својот регион и обезбеди промоција во четвртата по ранг лига во Германија, па ќе има голем предизвик.
Стојаноски, кој потекнува од Струмица, освен за Бутел Скопје, во Македонија настапуваше за Зомимак, Младост Богданци, Борец, Струга, Охрид, Јуниор КВ, Тиквеш и за босанската Искра Бугојно.

























