Мистерија околу Готфридсон – добил отказ од ПИК Сегед?!

Шведскиот ракометен ас Јим Готфридсон веќе неколку натпревари не е дел од тимот на ПИК Сегед, а причините за неговото отсуство засега остануваат неразјаснети.

Според информации на шведскиот „Афтонбладет“, Готфридсон не настапи на последните три натпревари на унгарскиот клуб, вклучително и важните дуели во Лига на шампиони против Келце, бидејќи добил отказ!

Дополнително, ситуацијата станува уште позагрижувачка бидејќи ниту клубот, ниту тренерот Михаел Апелгрен, ниту пак самиот играч не сакаат да дадат конкретен одговор за причините за неговото отсуство.

Според неофицијални информации, постои можност неговиот договор со Сегед да е раскинат, но тоа сè уште не е потврдено. Според унгарските медиуми, не станува збор за повреда, туку за ситуација поради која се очекува Готфридсон повеќе да не игра до крајот на сезоната.

Ова е изненадувачки ако се знае дека шведскиот репрезентативец неодамна потпиша тригодишен договор со унгарскиот гигант, откако цели 12 години настапуваше за Фленсбург, но реално не ги оправда очекувањата со настапите во првиот дел од сезоната.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]