Влезот за последниот натпревар на женската репрезентација на домашен терен од евро-квалификациите ќе биде слободен.
Ракометната федерација на Македонија реши да не се наплаќаат билети за дуелот на Македонија и светскиот вицепрвак Германија што ќе се игра во Скопје, а ова е прилика љубителите на ракометот да ги исполнат трибините.
Натпреварот меѓу Македонија и Германија е закажан за 8 април од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а потоа македонските дами ги очекува гостување кај Словенија.
Македонија е во игра за пласман на Европското првенство 2026 што ќе се игра во пет земји, а повеќе детали за нашите шанси прочитајте ТУКА.


























