Tурција приреди сензација – надомести пет гола негатива среде Романија!

Иако Романија влезе со плус пет од првата средба на гостински терен, 37-32, сепак загуби дома од Турција со 37-31 и беше елиминирана од битките за СП 2027.

Tурците водеа во текот на целиот меч, имаа и седум плус, но во последната минута се влезе со 35-31.

Најпрво Јилдиз погоди во домашниот гол, а потоа Романците имаа и тајм-аут и цел напад, но Илие згреши и во последната секунда Ајар казни со гол од контранапад за голема радост на Турција и пласман во третиот бараж каде ќе се сретнат со Норвешка.

Во третиот бараж се пласираа и Босна и Херцеговина, која загуби кај Косово со 33-29, но имаше плус 13 гола од првиот меч, потоа Полска, која вторпат славеше против Летонија, овојпат со 33-25.