Селекцијата на Израел се пласираше во третиот бараж за СП 2027, откако загуби на реваншот од Грузија со 30-28.
Сепак триумфот на првата средба што се одигра во четвртокот исто така во Грузија со 31-28, беше доволен за прогрес.
Момците на екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро, иако губеа во финишот со 30-27, сепак на петнаесетина секунди до крајот Јоав Лумбросо погоди во голот на Грузија за минус два.
Сковребадзе имаше последен обид од слободен удар по истекот на времето, но ударот заврши во блокот и почна радоста на Израел.
Дајан и Лумбросо дадоа седум, односно пет гола во составот на Писонеро, додека Сковребадзе даде осум гола за Грузија, но од 17 обиди.
Израел ќе се соочи со Шпанија во третиот бараж за СП 2027, па Писонеро ќе мора против својата татковина.

























