Машката репрезентација на Србија практично уште по првиот меч од вториот бараж го обезбеди пласманот во третиот бараж за СП 2027, откако ја совлада Литванија со убедливи 42-25.
Блесок на српскиот гол имаше Дејан Милосављев кој успеа да одбрани дури 21 удар на противничките ракометари, со 46% успешност!
Вардарецот Вукашин Воркапиќ беше втор стрелец, со пет гола од пет обиди, додека најдобар беше Драган Пешмалбек со десет погодоци. Урош Борзаш и Дарко Ѓукиќ стрелаа по три пати.
Кај Литванија, Миндаугас Думчиус и Мантас Урвикис погодија по пет пати во голот на Србија.
Момците на Раул Гонзалез веќе може да се подготвуваат за пресметката со Унгарија во третиот бараж за СП 2027.
Чекор до трет бараж направи и Црна Гора, која славеше на гости кај Финска со 36-32, а предводници беа Лука Радовиќ со девет, како и Бранко Вујовиќ и Радојица Чепиќ со по осум гола, а седум гола за скандинавскиот состав постигна Макс Гранлунд.


























