Гидсел и Реистад без конкуренција – избрани за најдобри во светот за 2025 година!

По повеќе од три недели гласање, Светската ракометна федерација ги прогласи најдобрите во четири категории за 2025 година.

Во изборот за „ракометар на годината“, Матијас Гидсел имаше убедлива предност во сите три категории, освојувајќи ја наградата пред својот соиграч од Данска, Емил Нилсен, и испишувајќи историја како прв ракометар што ја освоил оваа награда три години по ред.

Освојувајќи ја својата трета титула, Гидсел се израмни со Никола Карабатиќ и Микел Хансен како единствени ракометари во историјата со три трофеи „ракометар на годината“.

Во изборот за „ракометарка на годината“, Хени Реистад, актуелната светска ракометарка на годината според ИХФ, доминираше во гласањето завршувајќи пред Бразилката Бруна де Паула и својата колешка Катрине Лунде.

Реистад е само втората ракометарка во историјата што ја освоила наградата трипати, по Кристина Неагу, и првата што ја освојува три години по ред.

Што се однесува до наградите за млади играчи, Виола Лојхтер ја освои наградата за најдобра млада ракометарка, додека португалската ѕвезда во подем Франциско Кошта ја освои наградата за најдобар млад ракометар на годината.

Структурата на гласањето остана иста како и претходната година, при што гласовите од навивачите, тренерите на репрезентациите кои настапија на Светските првенства на ИХФ во машка и женска конкуренција во 2025 година, како и Комисијата за тренери и методика на ИХФ, секоја категорија учествуваше со по една третина во конечниот резултат.