Романската легенда наjaви краj на кариерата!

Поранешната романска репрезентативка Крина Пинтеа откри дека следната сезона ќе и биде последната сезона во играчката кариера.

По Кристина Неагу, романскиот женски ракомета ќе остане без уште една од препознатливите фигури во последната деценија.

„Можам само да кажам дека сум многу благодарна за сè што ми даде животот. Учев од сите и сум благодарна затоа што моето семејство и јас сме здрави и можам да уживам во ракометот. Сакам овие една и пол сезона да бидат одлични, да продолжиме да играме со добра енергија и голема посветеност, затоа што не очекуваат многу тешки натпревари. Сигурна сум дека ќе оствариме позитивни резултати и ќе ја постигнеме нашата цел – пласман на Ф4 во Лигата на шампиони. Секогаш го оставам своето срце и душа на теренот, и тоа ќе го правам до последниот ден. По оваа сезона ќе престанам и ќе ја завршам кариерата, па сакам да покажам најдобри резултати, за заедно да ги оствариме сите наши цели и мирно да се повлечам“, изјави Пинтеа.

Таа ја продолжи соработката со ЧСМ Букурешт до јуни 2027 година, а освен за романскиот тим играше и за Ѓер во два наврати, претходно и за Валчеа, Залау, германскиот Турингер, францускиот Париз…