По месеци неизвесност, директоратот на СЕХА лига ја потврди формулата за играње за новата сезона во дивизија „Исток“. Далеку е од амбициозната летна агенда, нема проширување, ниту престижни гостувања – но турнирот опстана. Во контекст на спортска изолација и густ национален календар, тоа само по себе е успех.
Летото донесе најави за редизајниран календар и нов географски опсег. Наместо тоа – првиот ладен туш, ЦСКА се повлече, повикувајќи се на лошиот распоред на термини и преоптовареност во домашното првенство. Потоа следуваше уште полоша опција – ризик турнирот да не се одржи. На крај, моделот е компромисен, но изводлив.
Списокот е скратен на шест екипи – Зенит, Чеховски медведи и Виктор (Русија), СКА Минск, Мешков Брест и Машека (Белорусија). Нереализираните идеи за дивизија (Персиски Залив) остануваат за некоја пооптимистична иднина.
Бидејќи зелено светло се вклучи кога веќе беше почната сезоната, а термините веќе беа „полни“, директоратот реши резултатите од меѓусебните пресметки во домашните лиги да важат и за СЕХА табелата. Тоа е практичен чекор – поинаку едноставно нема кога да се одигра.
Oфицијалниот старт ќе биде на 11 ноември откако претходни руските и белоруските тимови одиграа меѓусебни дуели од домашното првенство. На 11 ноември ќе се сретнат СКА Минск и Виктор Ставропол, односно Мешков Брест и Чеховски Медведи.
            

								 
								 
								 
	
									  
								






















                