Денеска во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи спектаклот „Легендите на сцена“ во организација на Спортското радио 90,3 фм по повод 20 години постоење.
На ревијалниот натпревар ќе настапат голем број имиња што оставиле трага во македонскиот и европскиот ракомет.
Од домашните ракометари тука се Стоилов, Лазаров, Ристовски, Манасков, Миркуловски, Станковски…додека од оние што играле во Македонија или против македонски екипи дојдоа Вори, Карачиќ, Шишкарев, Кањелас, Штербик….
На клупите на двата тима ќе бидат Лино Червар и Веселин Вујовиќ, ривалите од времето на Металург и Вардар, но и поранешни селектори на Македонија, а со нив заедно во стручниот штаб ќе бидат и Ристо Магдинчев и Звонко Шундовски, уште двајца поранешни селектори на Македонија.
Меѓу арбитрите вечерва ќе бидат Марјан Начевски и Драган Начевски, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, како и Силвана Карбеска и Марија Илиева.
Македонија: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Бранко Ангеловски, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Горан Кузманоски, Пепи Манасков, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Александар Царчев, Горан Ѓоргоноски.
Европа: Арпад Штербик, Страхиња Милиќ, Иван Чупиќ, Жоан Канељас, Данил Шишкарев, Игор Карачиќ, Златко Хорват, Мануел Штрлек, Вуко Борозан, Ренато Вугринец, Горан Шпрем, Илија Абутовиќ, Жељко Муса, Петар Ѓорѓиќ, Мирза Шариќ.
Интересот за овој спортски спектакл е огромен, а билетите се продаваат онлајн преку www.ticketx.com.mk и на билетарницата пред салата.
Организаторот најавува повеќе категории на билети, меѓу кои и ексклузивна категорија со места веднаш до теренот, за оние што сакаат да го почувствуваат адреналинот од најблиску.
📅 Среда, 29 октомври
📍 СЦ „Јане Сандански“, Скопје
🕗 Почеток: 19:00 часот
https://ticketx.com.mk/events/legendite-na-scena-01
➡️ Ракометна магија, емоции и легенди – едно име, една љубов: Ракометот!


























