Како што најавија пред неколку сезони кога за првпат беше организиран турнирот „Крсте Андоновски“, како минуваа годините така и квалитетот на екипите, организацијата и покажаниот ракомет постојано растеше. Годинава е 4. издание на турнирот кој од 19 до 23 август ќе се игра во салата во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Од осумте екипи, дури шест лани завршија во ТОП 2 во своите држави, и доаѓаат три шампиони на своите земји. Во пет дена натпреварувања ќе учествуваат осум екипи од шест држави, што го прави ова најсилното издание досега. Во Група А се: Охрид, Партизан (Србија), Нексе (Хрватска), Киндил (Фарски Острови), а во Група Б ќе играат: Вардар, Еурофарм Пелистер, Динамо Панчево (Србија), Тримо Требње (Словенија) кој дојде како замена за АЕК Атина. Турнирот е посветен на ликот и делото на легендарниот ракометар и тренер Крсте Андоновски, а за четири години постоење веќе стана препознатлив спортски бренд.
Трета година по ред, а втора на турнирот во Охрид, српскиот Динамо Панчево го одработува главниот дел од подготовките за новата сезона.
Српскиот клуб, кој е поранешен шампион на Југославија во 1955 и 1957 година, и кој секогаш е во водечката четворка во нашиот северен сосед со обезбедено место во плеј-офот, и оваа сезона ќе ја чека својата шанса од сенка.
Во Охрид, клубот што е предводен од стратегот со македонско потекло Никола Јаневски, ќе се соочи со Вардар, Еурофарм Пелистер и словенечкиот Тримо Требње. Тој е на клупата од 2024 година и вели дека настапот во Охрид ќе биде добра проверка пред официјалниот старт на сезоната.
„Турнирот во Охрид ќе ни послужи како добра проверка за претстојните натпреварувања каде што ќе играме. Екипата нема да настапи во комплетен состав, бидејќи во ростерот нема да настапат членовите на кадетската селекција на Србија, што играа на СП во Египет. Во нашата група се три респектибилни тимови, кои минатата сезона имаа запазена улога во домашните и европски натпреварувања. Турнирот е оваа уште повеќе квалитетен во однос на минатата сезона и сигурен сум дека само нијанси ќе го одлучат победникот, а ние планираме оваа сезона да направиме исчекор напред во односот на минатата сезона“, вели Јаневски.
Капитен на Динамо Панчево е Вељко Чабрило, кој очекува да се прикажат во најдобро светло против реномирани екипи.
„Со оглед на тоа што немаме преголем број нови играчи, полесно е во однос на минатата сезона и од ден на ден изгледаме се подобро. Очекувам на турнирот да се покажеме во најдобро светло против реномирани ривали. Станува збор за најдобрите екипи од регионот со кои досега многу пати сме играле на турнирите, пријателските натпревари или во европските купови. Оваа сезона сите имаа измени во составот, но суштински тоа се екипи што добро ги познаваме. Наша примарна цел за наредната сезона е пласман во завршницата на Купот на Србија и плеј-офот од нашето првенство“, вели Чабрило.
❗❗ СИТЕ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО 4. ИЗДАНИЕ НА ТУРНИРОТ „КРСТЕ АНДОНОВСКИ“ ВО Охрид можете да ги најдете во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет. ❗❗
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗
дојдоа: Лука Митровиќ
заминаа: Милан Косановиќ, Милан Павловиќ, Никола Стаменковиќ
Распоред на натпреври „Крсте Андоновски“ – Киндил
19 август, 16:30, Вардар – Динамо Панчево
21 август, 18:45, Динамо Панчево – Тримо Требње
22 август, 16:30, Динамо Панчево – Еурофарм Пелистер
23 август, за пласман