Новиот женски тим означи старт – Јехона започна со тренинзи

Новиот женски тим на македонската ракометна сцена, Јехона, ги започна подготовките за претстојната сезона.

Екипата ќе ја води тренерот Фари Селмани, а исто како и во машкиот тим, и тука ќе соработува со Радислав Стрезоски.

Тимот на Јехона, кој ќе биде прв женски тим по Универс во сениорска конкуренција од Гостивар, донесе три ракометарки.

Станува бор за голманката Елена Ѓорѓеска, левиот бек Марија Ѓорѓиевска, како и средниот бек Сара Премческа.

Прволигашката конкуренција кај дамите стартува на 6/7 септември, а Јехона на домашен терен ќе игра со Стружанка.