„Дробилицата“ ги „запали моторите“ пред прволигашката сезона

Амбициозниот тим на Македонија Ѓорче Петров ги започна подготовките за новата прволигашка сезона, во која ќе се обиде да се замеша во битките за елитната конкуренција.

Стартните тренинзи ќе се одвиваат на отворено во Сарај, а потоа екипата ќе тренира во сала и ќе почне со пријателски натпревари.

Од клубот заминаа Михајло Костовски, Матеј Марковски, Марко Стојановски, Никола Иванов и Бојан Божиновски, а дојдоа четири засилувања бековите Бобан Петров и Дарко Рангелов, крилото Александар Грујевски, како и специјалистот за одбрана Обрен Фичуроски.

Останатите ракометари кои лани го изнесоа товарот на натпреварите останаа во клубот и сезонава ќе бидат меѓу ударните игли во составот на тренерот Дејан Цветановски.

Во неговиот стручен штаб се уште и Сашо Барјактаров, Дарко Крстаноски и Џевад Равмановски, кој работи и со младите категории на Македонија Ѓорче Петров.

На стартот на сезоната Македонија Ѓорче Петров на 13/14 септември ќе игра против „витамините“ од Автокоманда.