Тимот што минатата сезона стигна за влакно не успеа да стигне до суперлигашки бараж, Македонија Ѓорче Петров, оваа сезона е решен да оди скалило погоре.
Откако беа потпишани договори со средниот бек Бобан Петров и десниот бек Дарко Рангелов, „лавовите“ донесоа уште две засилувања.
Станува збор за Обрен Фичуроски и Александар Грујевски, кои ќе ја засилат „дробилицата“ во суперлигашкиот поход.
Грујевски е лево крило и доаѓа од тимот на Скопје, каде што беше еден од најдобрите стрелци, додека Фичуроски се враќа во клубот каде што играше своевремено, а во меѓувреме беше дел и од Јехона, Кичево и во косовскиот шампионат.
Македонија Ѓорче Петров ја продолжи соработката и со еден од најдобрите стрелци Мартин Бучуковски, како и со голманите Никола Таневски и Давид Стојкоски.
Сезоната во Првата лига стартува на 13/14 септември, а на самиот старт Македонија Ѓорче Петров ќе се соочи со „витамините“ од Автокоманда.