Македонската интернационалка Ангела Костовиќ ќе остане дел од босанскиот клуб Краина Ќазин, откако одлучи да ја продолжи соработката и за новата сезона.
Десниот бек во БиХ го имаше првото интернационално искуство, а на македонската сцена ги бранеше боите на Вардар, Ѓорче Петров, Чаир и Овче Поле СУ.
Потекнува од младинската школа на „црвено-црните“ и беше дел од сите генерации што ги испишаа најголемите успеси на Вардар во пионерска, кадетска и младинска конкуренција.
Со Краина Ќазин, Костовиќ и оваа сезона ќе настапува во босанската лига, но и во Европскиот куп, каде во второто коло ќе се соочи со Сплит од Хрватска.
Во составот на Краина Ќазин настапува и екс ракометарката на Куманово и Чаир, Амела Џакмиќ.