Левиот бек Таида Беровиќ беше избрана за најкорисна ракометарка во македонскиот состав по мечот со Турција.
Беровиќ успеа да постигне осум погодоци, со одличен процент на реализација и заедно со голманката Дуновска и Лашкоска беше во лидерското трио.
Кадетките славеа со 30-27 против селекцијата на Турција, останаа во игра за првото место во групата со Шведска и Португалија.
Покрај Беровиќ и Лашкоска, по четири гола имаа Балоска и Мифтари, по три пати погодија Димоска и Трифуноска, а еднаш стрелаше Ангелковска.
Првото место од овие три групи од разигрувањето, како и најдобрата второпласирана селекција ќе одат во битки за пласман од 9 до 16 место, што значи и пласман на Мундијалот наредната година.