Европската ракометна федерација конечно донесе одлука за одложениот натпревар меѓу македонскиот и грчкиот претставник кои требаше да играат во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.
ЕХФ го регистрира мечот со службена победа на „сино-белите“ од Автокоманда над АЕК Атина со 10-0.
Грчкиот клуб ги наруши правилата со тоа што не се појави на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ и затоа носи одговорност.
Првиот меч во Атина заврши со победа на тимот на Лазаров над АЕК со 29-25 и со вкупен резултат 39-25, трофејот доаѓа во Скопје.
Но и покрај тоа македонскиот тим ќе биде казнет од ЕХФ поради одбивањето да обезбеди доволен број билети за гостинските навивачи, а ракометниот Суд на ЕХФ допрва ќе ги донесе тие одлуки.