Пролет славеше во Куманово

Мечот во Куманово немаше резултатско значење за двете екипи, освен престиж да се заврши што повисоко на табелата. Тоа веројатно ќе им донесе „некоја илјадарка“ повеќе во следната транша на помош од државата кога ќе се исплаќаат пари во вид на ваучер. Двата тима имаа обезбедено опстанок, па може и да испробаат некои нови работи.

На крај гостите од Скопје славеа со 27-22 и остануваат лидер на табела во плејаутот. Куманово е третопласиран со 11 бодови.

Гостите веќе полека вклучуваат многу млади ракометари во тимот кои доаѓаат од малдинската и кадетска екипа, и в година ќе добијат и поголема минутажа: Александаров, Глигоров, Дамчевски…

Домашните тргнаа со предност од 4-2, а потоа и 6-5. Потоа резултатот беше во корист на гостите од Скопје, кои имаа и предност од „плус 2“ (10-8, 11-9) и на полувреме се отиде со само гол предност за Пролет, 12-11.

Кога на почетокот н авторото полувреме Куманово израмни на 13-13 се понадеваа домашните дека може со пресврт да влезат во завршница која може д абиде во нивна корист, стигна „ладен туш“. Пролет имаше серија од 4-1 со која поведе 17-14, и тренерот на домашните Љубиша Димковски во 39 минута мораше да бара минута одмор за да ја „разбуди екипата“. Но, потоа резултатот се зголеми на 18-14.

Брзо се менуваа работите, па Куманово во 47 минута после серија 3-0 и неколку нереализирани напади на двете страни, стигна до негатива од 17-18. Тоа беше причина Никола Матлиевски да бара тајмаут и да смени нешто во играта на неговите ракометари. И брзо дојдоа до ново водство од три гола, за 20-17 во 4 минута. Во последните 10 минути гостите влегоа со предност од три гола, но и неизвесност зашто се покажа дека многу лесно се прав пресврт.

Но, Мице Цилегов со гол во 52 минута предноста ја зголеми на 23-19, иако домашните брзо намалија на дотогашните три гола. Бараа домашните начин да го сопрат Ласко Андоновски, па играа и „фластер“ а после грешка во напад на Пролет, во контра резултатот се намали на 21-23.

Но, набрзна Пролет направи серија со кој азголеми на 27-21, и последните две минути од мечот можеше да слави. Крајниот резултат 27-22 за Пролет.

Кај победничкиот тим Давор Палевски даде 9 гола од што пет од пенал, а еден помалку постигна Мице Шилегов, сите од игра. Давид Димевски со 8 гола беше најпрецизен кај Куманово.

До крај на сезоната останува уште едно коло, а Куманово е слободно бидејќи ќе добие службени бодови поради исклучувањето на Борец ФЛ. Пролет пак ќе биде домаќин на Радовиш.