Македонското трио заминува од Слатина

Трите македонски интернацонали – Јована Саздовска, Ивана Гакидова и Јована Мицевска заминуваат од романскиот тим Слатина.

Иако тимот на Слатина обезбеди опстанок во елитната конкуренција во Романија, сепак ќе има големи промени во ростерот.

Трите Македонки нема да ги бранат боите на Слатина во наредната сезона и ќе бараат нови предизвици.

Саздовска и Мицевска беа со Слатина по две сезони и го внесоа клубот во елитата, додека Гакидова заминува по само една сезона.