Младинската репрезентативка Анастасија Трпеска по две сезони поминати во Автокоманда во тимот на Металург, се враќа дома – во Ѓорче Петров. Таа е првото засилување за освојувачот на двојната круна за следната сезона.
Таа мина две сезони во Автокоманда, а лани беше во конкуренција и за пивотменското место во Олстар тимот на сезоната во изборот на 2ракомет. Потекнува од Ѓорче Петров каде играше во младите категории пред да направи трансфер во Автокоманда.
Трпеска игра на позицијата пивотмен, и важи за играч кој треба уште повеќе да напредува во иднина. Со своите 180 см. е одлична во одбрана, а лани добиваше и повеќе минутажа и во напад. Сезонава за Металург Автокоманда играше и во европскиот Куп, но тимот испадна уште во првото коло. Во сезоната 2022/23 како дел од Ѓорче Петров настапи исто така во Еврипскиот Куп, а тогаш „лавиците“ стигнаа во оминафиналето.
Сега Трпеска се наоѓа на поширокиот список кај селекторот Симовски, за подготвките за настап на младинското ЕП што летово ќе се одржи во Црна Гора.