ТРИ ЅВЕЗДИ НА 20. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 20. коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 20. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Куманово, Металург Автокоманда и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, плеј-оф, 20. коло, резултати:

Ѓорче Петров – Металург Автокоманда 23-30 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Вардар 38-32 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Куманово 30-41 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 20. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Симона Грујовска - Металург Автокоманда
81.25%
Стефанија Ѓорѓиевска - Чаир
10.00%
Росана Павлова - Куманово
8.75%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 20. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА

Симона Грујовска (Металург Автокоманда) – Голманката на тимот од Автокоманда имаше блескава партија против шампионот Ѓорче Петров.

Росана Павлова (Куманово) – Десното крило беше најдобар стрелец на мечот против Астибо и постигна десет погодоци.

Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир) – Левото крило ја продолжи одличната форма во која е цела сезона и на мечот против Вардар даде десет гола.