„Тео-гол“ кажа крај: Гулицоска ја заврши кариерата на 28 години!

Една од најдобрите ракометарки во Женската лига во последните неколку сезони, Теодора Гулицоска, денеска стави крај на играчката кариера.

На само 28 години, стружанката реши дека е доволно со активно играње ракомет и се пензионираше како членка на Чаир.

Таа го одработи својот втор мандат во тимот на Чаир, откако претходно настапуваше за матичната Стружанка, Металург и Металург Автокоманда.

„Звучи чудно во овој момент. Тешко е да се опише чувството кога се завршува нешто што било твој живот. Сепак, горда сум на се што постигнав и благодарна на сите што беа дел од моето патување“, изјави Гулицоска.

Тимот на Чаир и се заблагодари за придонесот што го даде за оваа екипа во сезоните во кои беше дел од овој клуб.