Ѓорѓиевска и Дукоска „летаа“ по теренот, Чаир победнички го затвори првенството

Тимот на Чаир славеше против Вардар со 38-32 во последното коло од плеј-офот во Женската лига.

Иако гостинките пружија голем отпор, на паузата водеа со 20-16, а на стартот на вториот дел имаа и плус шест, сепак на крајот Чаир се радуваше на триумф.

Вардарки беа долго време во егал, но попуштија во клучните моменти во финишот и по 31-30, Чаир отиде на плус три и до крајот не ја испушти предноста.

Стефанија Ѓорѓиевска и Теодора Дукоска комбинираа 18 погодоци и беа меѓу најзаслужните за победата, додека кај Вардар по пет пати стрелаа Ивана Трифуноска, Марија Голабоска и Дона Тодоровска.

Чаир го заврши шампионатот на третото место со 27 бодови, додека Вардар останаа петти со 11 бода.