По огромната трагедија со пожар во дискотека во Кочани, во која загинаа најмалку 70 лица, Ракометната федерација на Македонија донесе очекувана одлука.
Македонската куќа на ракометот ги одложи сите натпревари во сите конкуренции што беа закажани за денеска.
Во сениорска конкуренција требаше да се играат прволигашките средби меѓу Кичево и Металург РА, како и меѓу Јехона и Овче Поле.
Дополнително ќе бидат објавени новите термини кога ќе се одиграат овие натпревари.
Редакцијата на 24Ракомет упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите во огромната трагедија што ги потресе сите ова утро.