Ојлески: Во Охрид не чека ракометен празник

Викендов продолжуваат натпреварите од Супер лигата, но сега без многу дилеми околу патниците во плеј-оф и плеј-аут.

Охрид е веќе во плеј-оф, ќе пренесе еден бод, но во СРЦ „Билјанини Извори“ доаѓа Вардар, а тоа според левото крило Гоце Ојлески треба да биде ракометен празник.

„Ни гостува екипата на Вардар која цели високо и секогаш се бори за титула. Наша задача е добро да се подготвиме за овој натпревар, затоа што играме пред нашата публика и сакаме да биде ракометен празник во Охрид. Ги повикувам сите наши навивачи да дојдат во поголем број и да ни бидат ветер во грбот за што е можно подобар резултат“, изјави Ојлески.

Натпреварот меѓу Охрид и Вардар се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот.