УО на РФМ донесе одлука да ги награди ракометарите доколку успеат да ја победата Словенија на двомечот што следува за десетина дена.
На предлог на новиот претседател на РФМ, Александар Стефанов веќе на првиот состанок дојде овој предлог со надеж дека ќе продолжи победничката серија и ќе се пласираме на уште едно ЕП.
Македонија на 12 март во Скопје ја пречекува Словенија во Скопје, а потоа на 16 март реваншот е во Копер. Првите две репрезентации од групата обезбедуваат директен пласман на ЕП 2026.
Од последното СП каде Македонија го освои 15 место, сениорите поделија вкупно 3 милиони денари кои РФМ им ги вети.