Драган Начевски кој беше еден од кандидатите за претседател на РФМ и официјално ја повлече својата кандидатура. Тој изјави дека тоа го направил вчера, и дека тоа го сторил за да остане спортот единствен и да нема подели.
„До вчера бее еден од кандидатите, условно речено дека требаше да бидам. Сакам да се заблагодарам за подршката од клубовите и Здруженијата, што во овие месец или месециполовина ја имав. Одлучив да се откажам, оваа ракометна федерација да нема поделба, да има еден кандидат, да се даде подршка на тој што ќе биде. Да му посакам да работи за унапредување на ракометот, да не дозволиме ракометот да го загуби приматот на спорт број 1, што долги години го имаше, да бидеме сите цврсто поврзани и да работиме за ракометот, изјави Начевски пред делгатите на РФМ.
Тој најави дека ова е последното Собрание н акое тој присуствува како делгат, бидејќи во јуни му завршува делегатската кариера.
Во тек е Изборното Собрание на РФМ каде за нов претседател се очекува да биде Александар Стефанов, кој е единствен кадидат за таа позиција.