Ракометната федерација на Македонија објави дека продажбата на билетите за дуелот со Словенија од квалификациите за ЕП 2026 ќе започне во понеделник.
На пладне ќе стартува продажбата онлајн ТУКА, како и низ продажната мрежа низ цела држава ТУКА.
Во зависност од местото на седење во салата, цените на билетите се 200 и 300 денари, па нема сомнеж дека СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде исполнет.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија е закажан за 12 март во 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека возвратниот дуел е во Копер на 16 март од 18:30 часот во салата „Бонифика“.
Македонија досега ја победи Естонија и загуби од Литванија, но и натаму е во добра позиција за пласман на континенталниот собир во Данска, Шведска и Норвешка.