Десниот бек на Охрид, Никола Шипинкоски, до крајот на сезоната ќе ги брани боите на тимот на Прилеп.
Во потрага по поголема минутажа, Охрид ќе го отстапи младиот Шипинкоски во суперлигашот Прилеп, кој ќе настапува во плеј-аут.
По крајот на оваа сезона, десниот бек ќе се врати во Охрид да го одработи договорот што го има со „гладијаторите“.
На десната страна во Охрид играат Јукиќ и Винисиус, па Шипинкоски нема многу простор за игра.