Македонска легенда на клупата на Радовиш

Македонската легенда Игор Котевски е нов тренер на суперлигашот Радовиш, дознава 24Ракомет. Тој доаѓа на местото на Спасе Ѓорѓиев и Александар Долдуров, кои го водеа тимот во прволигашката конкуренција и оваа сезона го вратија во елитната конкуренција.

Котевски веќе го одржа првиот тренинг со новиот клуб, а прв предизвик со Радовиш ќе му биде мечот со актуелниот шампион Еурофарм Пелистер в недела.

Претходно Котевски седеше на клупите на Вардар Неготино, Јуниор КВ, Металург РА, Голден Арт, Металург, Бутел Скопје, Драчево, Македонија и младинскиот тим на Пролет.

Главната цел на Радовиш е опстанок во Супер лигата, а за таа цел ангажираше низа засилувања – Ивица Илиев, Славјан Паунов, Стефан Кочаров, Томче Трајчевски, Петар Цветковски, Лазар Адамовиќ…

Радовишани ја запишаа првата победа во пролетниот дел од сезоната и славеа против Струга, а во минатото коло успеаја да освојат бод на гостувањето кај Борец ФЛ.