Исплатена премијата по СП 2025 – македонските репрезентативци ќе поделат 3.000.000 денари

Македонската куќа на ракометот ја исплати премијата од 3.000.000 денари по настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Претходно УО на РФМ донесе одлука секоја победа на Македонија на СП 2025 да биде наградена со по 1.000.000 денари.

Македонија ги совлада Гвинеја и Катар, а пласманот во главната рунда на СП исто така „вреди“ 1.000.000 денари.

Избраниците на Кирил Лазаров го завршија настапот на Мундијалот на 15 место со две победи, две нерешени средби и два порази.