Екипата на Локомотива Загреб, во која настапува Андреа Седлоска, ја забележа 11-та победа во најквалитетното натпреварување во Хрватска.
Локомотива Загреб славеше против Зрински со 37:28 во заостанатиот натпревар од 9. коло и со новата победа дојде до 22 бода на свое конто.
Македонската репрезентативка во дадената минутажа имаше три успешни реализации од пет обиди, а зад своето има запиша и две асистенции.
Хрватскиот вицепрвак во досегашниот тек од сезоната беше поразена само од главниот конкурент за првото место – Подравка на Ивица Обрван.
Тимот на Седлоска овој викенд на свој терен ќе игра против незгодната Далматинка.