Репрезентацијата на Египет ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство 2025, а за пласман во полуфиналето ќе се бори против Франција.
Еден од главните играчи во египетската репрезентација, десниот бек Јахја Омар, кој настапува за ПСЖ, ги истакна своите очекувања за дуелот со „фараоните“.
Тој нагласи дека од нив се очекува да ја совладаат Франција и да играат во полуфиналето на Мундијалот.
„Очекувањата во Египет се огромни, многумина гледаат ракомет, па луѓето секогаш од нас очекуваат да „победиме“ и да го прескокнеме четвртфиналниот проблем, со што би се бориле за медал. Еднаш го направивме тоа против Франција во Токио на Олимписките игри. Станува збор за квалитетна репрезентација, на секоја позиција имаат по 2-3 квалитетни ракометари. Ние сме екипа со големо срце и ќе се бориме. Ќе видиме кој ќе има подобар ден“, изјави Омар.
Натпреварот меѓу Франција е Египет е на денешната програма од 20:30 часот.