Шипинкоски: Гледаме со респект кон Прилеп, но очекувам ние да ги освоиме бодовите

Ракометарите на Охрид во рамки од 14. коло од Супер лигата на свој терен ќе се соочат со Прилеп, кој се бори за едно од местата кои водат во плеј-оф фазата.

Избраниците на Стевче Алушовски на првиот натпревар во Прилеп триумфираа со четири гола разлика, 30:26.

Младиот член на Охрид, Никола Шипинкоски, гледа со респект кон Прилеп, бидејќи станува збор за сериозен ривал.

,,Како за секој натпревар, така и за овој се подготвувавме максимално, бидејќи станува збор за сериозен ривал, кој се бори за плеј-оф. Победивме таму, сега ги очекуваме дома, очекувам да биде тешко и мора да се влезе со респект кон прилепчани, имаат неколку искусни играчи, а очекувам ние да ги освоиме двата бода”, изјави Шипинкоски.

Натпреварот меѓу Охрид и Прилеп ќе се одигра в сабота во спортската сала „Билјанини Извори“,  со почеток од 18:30 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186