📸 Новиот тренер на Вардар со пиво се „чекираше“ во Скопје

Новиот стратег на Вардар, Гиљермо Милано, пристигна во Скопје и ќе го преземе кормилото на „црвено-црните“.

Тој имаше обврски со младинската и кадетската репрезентација на Аргентина на шампионатите на Средна и Јужна Америка пред да дојде во македонската престолнина.

Милано се „чекираше“ на социјалните мрежи од Скопје и своето деби би требало да го има веќе на дуелот со Струга од Супер лигата што ќе се игра в сабота.

Аргентинскиот стратег со младинците го освои златото на шампионатот во Средна и Јужна Америка, додека со кадетите играше во финалето и освои сребро.

По мечот со Струга од Супер лигата, за Вардар следува патување до далечниот Исланд и меч со Валур од Лигата на Европа.