Викендов во рамки од 11. коло од Супер лигата ќе се одигра дерби дуелот меѓу Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда.
Охриѓани на 10 натпревари остварија осум победи, а натпреварот со првопласираниот тим од Автокоманда за нив ќе биде императив да им се вратат на победите во суперлигашкото друштво.
Од Охрид информираа дека продажбата на карти за дерби дерби дуелот ќе стартува од денеска од 12:00 часот во охридската чаршија “Кај Аждер” и пред самиот натпревар на билетарницата во спортската сала „Билјанини Извори“.
Се очекува избраниците на Стевче Алушовски да имата голема поддршка од трибините, бидејќи навивачката група „Рибари“ ќе прослави 35 години од своето постоење.
Дерби дуелот меѓу двете екипи ќе се одигра в сабота, со почеток од 18:30 часот.