Членката на Астибо, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 4. коло во единственото женско сениорско натпреварување.
30-годишната ракометарка на натпреварот против вториот тим на Ѓорче Петров постигна дури 19 погодоци и го предводеше својот тим до важна победа.
Анчева немаше голема конкуренција на гласањето, доби околу 84% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Јована Конева од Пелистер.
Во конкуренција за ѕвезда на 4. коло беше и ракометарката на Чаир, Бојана Диневска.