Ѓорче Петров врза трета победа, славеше кај Вардар

|
15:22

Актуелниот шампион Ѓорче Петров на гостувањето кај Вардар дојде до убедлива победа од 35:22 во натпревар од 3. коло во Женската лига. Вардарки дадоа сѐ од себе на овој натпревар, но пресудно беше поголемото искуство на „лавиците.“

Иако Ѓорче Петров започна според планираното, сепак, составот предводен од Платон даде голем отпор во првите дваесетина минути и резултатот до 22 минута најчесто беше нерешен. Кон средната на првото полувреме беше 10:10, а „црвено-црните“ за првпат поведоа во 18 минута со голот на Миленковска за 11:10.

На голот на Вардар одлична беше Илиќ, одбраната беше на ниво, но и двете екипи правеа почетнички грешки, па така на осум минути пред крајот на првото полувреме резултатот гласеше 12:12. Избраничките на Симовски заиграа поангажирано во финишот, го свртија резултатот во своја полза и со мини серија дојдоа до плус пет на пауза, 20:15.

Ѓорче Петров посетепено ја зголемуваше предноста во вториот дел, во кој даде, а прими. Домаќинките ја имаа имаа расположената Миленковска, но младинската ререзентативка можеше сама против гостинките. Шампионот рутински ги одигра последните дваесетина минути.

Најрасположена во победничката екипа беше Катерина Дамјановска со девет погодоци, седум додаде Емилијана Ризоска, шест запиша Ана Марија Коларовска.

Во домашниот табор прво име беше Леона Миленковска со девет реализации, а ја следеше Јасмина Попова со четири погодоци.

Распоред за сите младински лиги – 31 меч се играат низ Македонија, братски дуел во Битола

Автор: Душко Андов
| 22 ноември 2024
14:45

Претстојниот викенд ќе има богата програма во сите младински конкуренции, а најбројни се натпреварите кај кадетите.

Во машката младинска лига веќе се одигра еден меч, а Бутел Скопје успеа да одигра реми на гостувањето во Автокоманда и натаму е непоразен на првото место.

Kај младинките исто така се одигра еден меч, екипата на Вардар славеше на гостински терен кај Илинден Вардар и остана на лидерската позиција со четири победи на четири меча.

Во машката пионерска лига, ќе има двобој на првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, кој се очекува да биде меѓу поинтересните средби овој викенд.

Младинци, 5 коло:

група А
Алкалоид – Бутел Скопје 23-23
24/11, 15:00, Скопје – Партизан Гевгелија
27/11, 20:00, Астраион – Металург РА
Еурофарм Пелистер слоб.

група Б
24/11, 18:30, Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс
25/11, 19:00, Тиквеш – Куманово
26/11, 20:00, Преспа Вардар – Прилеп
26/11, 20:00, Пролет – Вардар

Младинки, 6 коло: 

Илинден Вардар – Вардар 23-29
23/11, 14:30, Металург Автокоманда – Ѓорче Петров 2

Kaдети, 6 коло:

група А
23/11, 14:00, Овче Поле – Вардар
24/11, 13:00, Младост Богданци – Бисинов ФЛ
24/11, 16:00, Еурофарм Пелистер – Текстилец
24/11, 17:00, Вардар Неготино – Алкалоид
24/11, 18:00, Македонија ЃП – Куманово

група Б
23/11, 11:00, Мулти Есенс – Илинден Вардар
23/11, 12:30, Охрид – Еурофарм Пелистер 2
23/11, 13:30, Скопје – Прилеп
24/11, 12:30, Струга – Пролет
24/11, 17:00, Тиквеш – Младост Ресен

Кадетки, 5 коло:

група А
Куманово – Делчево Вардар одл.
Металург – Вардар одл.
Овче Поле СУ слоб.

група Б
23/11, 12:30, Пелистер – Деспина
23/11, 13:30, Стружанка – Младост Ресен
23/11, 17:00, Чаир – Јехона

Пионери, 6 коло:

група А
23/11, 11:00, Преспа Вардар – Струга
24/11, 14:00, Динг – Охрид

група Б
23/11, 11:00, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
27/11, 21:00, Бисинов ФЛ – Тиквеш
Прилеп слоб.

група В
24/11, 12:30, Алкалоид – Пролет
25/11, 20:00, Куманово – Бутел Скопје
Вардар слоб.

група Г
23/11, 13:00, Мулти Есенс – Радовиш
Аеродром слоб.
Македонија ЃП слоб.

Пионерки, 6 коло:

група А
24/11, 14:00, Шампион – Ѓорче Петров
24/11, 17:00, Чаир – Струга
Јехона слоб.

група Б
23/11, 12:00, Спартак – Вардар
24/11, 16:30, Металург – Астибо
Младост Богданци слоб.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци по прва домашна победа во ЛШ

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
10:00

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра осмиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Гостин во Битола ќе биде данскиот вицепрвак Фредериција, тим во кој настапуваат двајца екс пелистерци – Реине Табоада и Себастијан Хенеберг.

На првото соочување меѓу двата тима, на победа се радуваше битолскиот тим, со пресврт во второто полувреме дојде до триумф од 25:23.

За Еурофарм Пелистер ова ќе биде важен натпревар и со евентуална победа ќе си ги зголеми шансите за осминафинале во европската елита.

Деби на клупата на „зелено-белите“ ќе има новиот тренер Раул Алонсо, кој со македонскиот шампион се договори на двегодишна соработка.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Денеска во Лигата на шампионите ќе има утре три дуели, ќе играат Алборг – Колстад, Загреб – Магдебург и Спортинг – ПСЖ.

Распоред на денешните натпревари од ЛШ:
18:45 АЛБОРГ – КОЛСТАД
18:45 ЗАГРЕБ – МАГДЕБУРГ
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ФРЕДЕРИЦИЈА
20:45 СПОРТИНГ – ЛИСАБОН

Поглед кон списокот за СП 2025 – „Македонија од Автокоманда“, тројца „странци“, осум пикери…

Автор: Редакција
| 22 ноември 2024
11:27

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, минатата недела го објави поширокиот список за настапот на Светското првенство 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка. На списокот има 35 ракометари, нема поголеми изненадувања во однос на претходните списоци, а меѓу нив се друи 32 што настапуваат во македонското првенство и само тројца интернационалци – Филип Талески од Бенфика, Мартин Томовски од Потсдам и Мартин Карапалевски од Ваљадолид.

Има дури 15 повикани ракометари од тимот на Алкалоид, кој го предводи селекторот од клупата, а од играчкиот кадар на овој тим, во националниот тим не се само ветеранот на голот, Благојче Трајкоски, Kостадин Петров кој се уште се враќа во форма по повредата, повредениот Дамјан Митев, како и странците Бинго и Да Силва. Од актуелниот шампион Еурофарм Пелистер доаѓаат девет ракометари, додека од Вардар на списокот има петмина. По еден ракометар доаѓа од Охрид, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје.

На голманската позиција нема изненадувања и очекувано на списокот се најдоа Никола Митревски, Иван Галевски, Марко Кизиќ и Мартин Томовски. На СП 2025 сосема извесно ќе патуваат тројца голмани, а дали и овојпат како и во квалификациите за ЕП 2026, Лазаров ќе ја избере младоста пред искуството, останува да видиме.

Меѓу левите крила одамна го нема Дејан Манасков, па на списокот се најдоа Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски и искусниот Гоце Ојлески. Сигурно на поширокиот список требаше да има место за Димитар Димитриоски, кој со успех настапува во шпанскиот Ваљадолид.

Меѓу левите бекови тука се стандардните Филип Кузмановски, Иван Џонов, Павле Атанасијевиќ, но и Михајло Младеновиќ, Емилијан Ѓорговски, Филип Талески…Дали и за СП 2025, македонскиот селектор ќе се реши за оние што играат со Литванија и Естонија, ќе почекаме до средината на декември.

Кај средните бекови, Лазаров на списокот ги стави Марко Митев и Игор Ѓорѓиев, двојката на која и верува во клубот, а тука се уште Марио Танкоски и Мартин Карапалевски. Имаше место за Мартин Ивановски од прволигашот Еурофарм Пелистер 2, но немаше место на пример за младинскиот репрезентативец Мирче Калајџиески.

Трио десни бекови на списокот доаѓа од Автокоманда – Мартин Серафимов, Мартин Велковски и Давид Савревски, потоа тука се Филип Николов од Бутел Скопје и Томислав Јагуриновски од Вардар. На списокот не е Михаил Иваноски, кој со успех настапува во српската Дубочица Лесковац и има голема минутажа за разлика од некои од другите десни бекови на списокот.

Меѓу десните крила има четири повикани ракометари, меѓу кои двајца се повредени. Покрај браќа Никола и Ненад Костески, кои нејасно е дали и колку ќе бидат подготвени за настап на Мундијалот, Лазаров смета на Ален Ќосевски и Александар Петковски, кои досега немаат настап на големо натпреварување во сениорска конкуренција, иако Петковски играше на Медитерански игри. Место на поширок список можеше да се најде за младинскиот репрезентативец Ненад Белистојаноски, кој иако игра во Првата лига во дресот на Еурофарм Пелистер 2, сепак е меѓу најдобрите стрелци, или пак на пример за Евгениј Темелкоски од Тиквеш.

Доаѓаме до пивотменската позиција на која има дури осум ракометари – Жарко Пешевски од Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски од Еурофарм Пелистер 2, Михаил Аларов и Милан Лазаревски од Вардар, како и дури четворица од „сино-белиот“ тим од Автокоманда – Валентин Карасманакис, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ и Кристијан Симоноски. Со оглед на тоа што нашата игра не се базира многу на кружните напаѓачи, нејасно е зошто на списокот има дури осум. Ако веќе има осум, која е поентата да има четворица пивоти од еден ист клуб, ако се знае дека сите немаат полна минутажа. На поширок список би можело да има место на пример за Кристијан Анастасовски од Тиквеш, кој игра во одлична форма или за младинскиот репрезентативец Дејан Михајловиќ од Бутел Скопје…

Македонија го започнува настапот на 15 јануари против Унгарија, потоа ќе се соочи со Холандија и на крајот од групната фаза против Гвинеја. Ако обезбеди место во главната рунда, нашата селекција ќе оди на мегдан на најдобрите три од овие четири – Франција, Австрија, Катар и Кувајт. Пред стартот на СП 2025, нашите момците ќе одиграат пријателски натпревар во Вараждин против домаќинот Хрватска.

Познат ростерот на Швајцарија – на ЕП со ветеранката Бруш, ќе играат Шмид, Еменегер, Гаучи…

Автор: Душко Андов
| 22 ноември 2024
10:43

Селекторот на женската репрезентација на Швајцарија, Кнут Ове Јоа, ги одреди 18 ракометарки што ќе играат на домашното ЕП.

Капитенката Керстин Кундиг се враќа во ростерот откако ги пропушти претходните две акции во септември и октомври. Покрај Кундиг, на списокот на Јоа има уште осум интернационалки, а меѓу нив е и пикерот со славно презиме – Табеа Шмид од данскиот Копенхаген.

Тука е 40-годишната голманка Мануела Бруш, па младата Миа Еменегер од норвешкиот Кристијансанд, Дафне Гаучи…

Швајцарките ќе одиграат две контролни средби со селекцијата на Исланд, денеска и в недела.

Домаќинот на ЕП е во група со Фарски Острови, Данска и Хрватска, и ќе има шанса за прогрес во главната рунда.

Костов: Од стартот да покажеме сила и да им се вратиме на победите

Автор: Душко Андов
| 21 ноември 2024
11:43

Амбициозниот состав на Охрид вторпат во серија ќе игра на домашен терен и по поразот од тимот од Автокоманда, посакува враќање на победничките патеки.

Ривал на избраниците на Стевче Алушовски ќе биде составот на Радовиш, а десното крило Наум Костов вели дека ниту еден тим не смее да се потцени.

„Мора да им се вратиме на победите. Треба да го отвориме добро натпреварот против Радовиш, да покажеме сила од стартот и да направиме добра атмосфера за потешките натпревари што ни следуваат до крајот на оваа полусезона. Ова е ракомет, не смееме никој да потцениме, секој знае да одигра добро ако го потцениш, тоа треба да го сфатиме. Од сопствено искуство го знаеме тоа во минатото и не смееме да дозволиме опуштање. Сепак квалитетот е на наша страна, подобра екипа сме, но тоа ништо не значи и мора да го докажеме на терен“, изјави Костов.

Натпреварот меѓу Охрид и Радовиш ќе се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 15:00 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190218
4ОХРИД1180316
5БУТЕЛ1160512
6ТИКВЕШ 20141151511
7ПРОЛЕТ1142510
8ПРИЛЕП114169
9КУМАНОВО113086
10СТРУГА112094
11БИСИНОВ Ф. Л.111193
12РАДОВИШ1101101